Се отвори дупка на мост во Драчево
Центарот за управување со кризи по пријава од загрижен граѓанин ја известува јавноста дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево постои голема дупка.
Истата претставува опасност за безбедноста на возачите коишто се движат на овој потег. Известени се локалните власти и претпријатија, а пријавено е и во МВР.
Од страна на ЈП „Улици и патишта“ доцна синоќа дупката е обележена. Стручните лица процениле дека оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и безбедноста на граѓаните.
Слично
