Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОТВОРААТ КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ: Скратен полициски час од вечерва

СЕ ОТВОРААТ КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ: Скратен полициски час од вечерва

Кафулињата и рестораните во Македонија можат повторно да примаат гости, но само на отворено.

Терасите со угостителски објекти можат да ги опслужуваат гостите до 20.30 часот, бидејќи од вечерва „полицискиот час“ започнува во 21.00 часот, еден час подоцна отколку претходните недели.

Владата „олабави“ мерките за спречување на ширење на ковид 19 по препорака дадена од Комисијата за заразни болести врз основа на неодамнешното намалување на бројот на заразени.

Ограничувањата на движењето на граѓаните во текот на ноќта во Македонија беа воведени на 10 март, откако заразниот британски вид коронавирус почна да се шири брзо, додека рестораните беа затворени на 5 април.

Исклучок за празниците

Според последните измени во мерките за спречување на ширење на ковид, кои ќе бидат на сила до 15 мај, престанува да важи забраната за организирање семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид.

Постои забрана за работа на сите фитнес клубови и сали за вежбање, но исклучок се компаниите кои можат да ги организираат овие спортски активности на отворено со примена на мерки за лична заштита.

„Полицискиот час“ е скратен за еден час, започнува во 21 часот и ќе трае до 5.00 часот следниот ден, освен за претстојните верски празници Велигден и Рамазан Бајрам, кога ќе биде откажан за една ноќ.

За Велигден, ограничувањето на движењето на граѓаните нема да важи во вечерните часови помеѓу 1 и 2 мај, а за Бајрам во ноќта помеѓу 13 и 14 мај.


Слично

Поврзани вести