„СЕ ОТРЕЗНИЈА, ГИ ДИСЦИПЛИНИРАА И ПОНИЖИЈА СО ЈАВНИ ИЗВИНУВАЊА“: Ванковска за јавните извинувања на граѓаните кои протестираа
Професорката Билјана Ванковска со реакција за јавните извинувања на граѓаните кои јавно и пред телевизии протестираа исе закануваадека ќе тепаат и убиваат ако полицијата им ги одземе возилата.
„Не знам за вас, но овие снимки на јавни извинувања на Ромите ми создава чувство на мачнина. Се отрезнија, ги дисциплинираа и сега понижија со јавни извинувања. Како мали деца…
Не дека ги оправдувам или сметам дека тие луѓе постапија правилно кога се побунија и се закануваа… но, реално, таа етничка група е дефинитивно најпонижена, најдеградирана, најзапоставена социјално, политички, образовно и културно. Во секој поглед и во најдолг период!!!
Сетете се на ЕДЕН случај на вакви извинувања од луѓе со полни џебови или крвави раце! Напротив , дури излегуваа рехабилитирани и “чесни”.
Безбедноста во сообраќајот е важна за едно организирано општество. Но, човековиот дигнитет и безбедност се почетна точка за секое општество што се смета за цивилизирано“, напиша таа.
Слично
