Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОРГАНИЗИРААТ ШТЕДАЧИТЕ СО ВЛОГОВИ НАД 30 ИЛЈАДИ ЕВРА - нашите судбини мора да бидат во рацете на професионалец

СЕ ОРГАНИЗИРААТ ШТЕДАЧИТЕ СО ВЛОГОВИ НАД 30 ИЛЈАДИ ЕВРА - нашите судбини мора да бидат во рацете на професионалец

Се огласија 780-те штедачи на Еуростандард банка, чии штедни влогови надминуваат сума од 30 илјади евра, што значи дека нема целосно да бидат обесштетени, туку само за овој износ, а остатокот, како што информираа надлежните, ќе треба да го побаруваат од стечајната маса. 

„Имено ние сме дел од 780-те штедачи на Еуростандард банка, кои за својата судбина т.е. за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви.

Впрочем, функционирањето на истиот тој систем не доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг.

Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаме дека ние 780 штедачи мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле.

За да не се губи време додека истите структури горенаведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и преземеме мерки веднаш.

За таа цел, сите кој се дел од 780те штедачи чии судбини во наредниот период ке се преплетат сакајќи или не, да не исконтактираат со било каков предлог на емаил адресата 780stedaciesb@gmail.com.“, се вели во соопштението што Фактор го доби од 780-те штедачи. 

А како што вчера пишуваше Фактор, овие 780 штедачи имаат вкупна сума на штедни влогови од 25 милиони евра. 

Мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, вчера изјави дека Еуростандард банка има квалитетен имот, пред се заградата во центарот на Скопје, и дека очекува од стечајната маса да се намират доверителите и штедачите на банката, па дури и Фондот за осигурување на депозити.

Фондот на штедачите кои имале до 30 илјади евра ќе им исплати суми до 30 илјади денари по поединечен влог. 

Фактор пишуваше и дека граѓаните во земјава продолжија да им веруваат на домашните банки. Нема никакви повлекувања на депозити, и покрај пропаѓањето на Еуростандард банка, на која Народна банка на Македонија и ја одзеде дозволата за работа и врз неа беше отворена стечајна постапка.

Слично

Поврзани вести