Се опремува студентскиот дом во Тетово
Владата и Министерството за образование и наука објавија дека во тек е опремување на новиот државен студентски дом во Тетово, објект кој веќе е изграден.
Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година.
„Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“, изјави министерот Јетон Шаќири при увид на активностите.
Новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.

Слично
