Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ОПОРАВУВА“: Министерството за здравство откри во каква состојба е докторот - носител на советничката листа на ДУИ

„СЕ ОПОРАВУВА“: Министерството за здравство откри во каква состојба е докторот - носител на советничката листа на ДУИ

Повредите на носителот на советничката листа на ДУИ во Липково, докторот Зекирија Шаини не се животно-загрозувачки и тој е во стабилна состојба, информираше Министерството за здравство.

„Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација“, велат од Министерството.

Реагираат дека Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет.

„Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти. Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот. Повикуваме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство. Министерството ќе ја следи состојбата на доктор Шаини и навремено ќе информира за сите значајни промени“, соопшти Министерството за здравство.

Слично

Поврзани вести