Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се онесвести при говорот, ама штом се сретна со Груевски му е „подобро“

Се онесвести при говорот, ама штом се сретна со Груевски му е „подобро“

Момчето кое се онесвести за време на говорот на Никола Груевски пред младината на ВМРО-ДПМНЕ по несаканиот настан се сретна со лидерот за ете од партијата да покажат дека се е во ред со него. Штом го виде Груевски одма му е подобро.

- Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект. На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи, посочи Груевски на Фејсбук.
Замислете каков успех, го засениле дури и премиерот Заев паѓајќи во несвест.

За жал партијата покажа тотална нехуманост бидејќи ниту Груевски ниту било кој од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ не застана барем за момент да провери како е момчето кое се струполи на сцената или да му помогне. 

Секако, тоа ќе значеше и за момент прекинување на говорот на бестрашниот лидер што доволно говори за менталната матрица која партијата ја усвои последните години. 

Слично

Поврзани вести