„СЕ ОНА ШТО КРИТИКУВАА ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, СЕГА ГО ПРАВАТ“: Спасовски со низа критики за ВМРО-ДПМНЕ
Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство - со 58 ги имате истите работи - не е Таљат Џафери, туку Африм Гаши претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе не’ убиеа во Собрание, напиша Оливер Спасовски на фејсбук.
„Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција, и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават“ напиша тој.
Слично
