СЕ ОГЛАСИЈА ШИЛЕГОВИ ЗА ЕЛКАТА НА ПЛОШТАД: Екс градоначалникот и неговиот син не ја бендисаа
Изминативе два дена на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од новогодишното украсување на централното градско подрачје, вклучувајќи ја и елката која се наоѓа до фонтаната „Воин на коњ“.
На Фејсбук се огласи екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Еве, нема да сум арогантен. Една слика илјада (милијарда) зборови….“ напиша тој.
Со реакција се огласи и неговиот син, Иван Шилегов, кој, објави фотографија од елката украсена за време на мандатот на неговиот татко, и оваа што е ставена на плоштадот денес. Тој меѓу другото напиша „беда“.
ФОТО: Фејсбук/Петре Шилегов
Слично
