Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

Најголем,иот поединечен акципонер на Стопанска банка Битола, компанијата Пелистерка, која заедно со неа поврзаната компанија во оваа битолска банка поседуваат 21,85 отстоод капиталот, се огласија со соопшртение до медиумите, во кое децидно нагласувбаат дека нивната банка не е на продажба. 

Имено, соопштениетпо е испратено од Пелистерка АД Скопје, заедно со поврзано правно лице ТИМОХ ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери во Стопанска банка АД Битола со 21,85 отсто од акциите на банката.

Оттаму тврдат дека не постои никаква одлука од Акционерско собрание на банката за нејзина продажба. 

„Како носители на 21,85 отсто од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банкана Република Северна Македонија.

Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5 отсто мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НБМ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.

Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НБМ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност.

Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери.

Апелираме до медиумите и засегнатите страни да се воздржат од пласирање на шпекулативни информации до оддржување на Акционерското собрание, бидејќи истите можат да предизвикаат штета на тековното работење на Стопанска банка АД Битола.

Го охрабруваме Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола да свика Акционерско собрание со цел да ја усвоиме завршната сметка која укажува на одличните резултати на банката“, се вели во соопштението кое го испрати Пелистерка заедно со Тимох, кои заеднички поседуваат близу 22 отсто од акциите.

Како што е познато, своевремено имаше обид Комерцијална банка да ја преземе Стопанска Битола, но тој не успеа. 

Стопанска Битола ланската година ја заврши со многу солидна добивка, наспроти загубата во претходната, 2023 година.

Слично

Поврзани вести