Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ВО ВЛАСТА ЗА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА - Карпејовски од ЗНАМ: Науката не смее да се етнизира и партизира

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ВО ВЛАСТА ЗА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА - Карпејовски од ЗНАМ: Науката не смее да се етнизира и партизира

Вчерашната најава на Вреди дека ќе работат на формирање на Албанска академија на науки и уметности и дека ја почнуваат постапката со цел да обезбедат општинско финансирање на таа наводна институција, не престанува да ги бранува страстите во македонскиот етнички блок.

Се огласи и Бобан Карпејовски, носителот на Изборна единица 1 од партијата ЗНАМ, која, пак, е коалиционен партнер во Владата заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со Влен. 

„Науката не може и не смее да се етнизира и да се партизира. Секакви обиди и иницијативи за формирање академии со етнички предзнак се, во својата суштина, ненаучни. Таквите институции можат да бидат невладини организации, но не и национални академии на науките“, пишува Карпејовски.

Претходно и ВМРО-ДМПНЕ излегоа со став.

Слично

Поврзани вести