Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласија и албанските политичари за уставните измени

Се огласија и албанските политичари за уставните измени

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, преку својот профил на „Твитер“ го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани во македонското Собрание. Тој напиша дека со изгласувањето на земјата ѝ се отвора патот кон членството во ЕУ и НАТО.

Смета дека придонесот на албанските политички партии во Македонија повторно се покажал како одлучувачки фактор, а гласањето на Преспанскиот договор претставува потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша го поздрави усвојувањето на уставните измени. Оцени дека ова е чин на висока политичка одговорност е историски чекор за консолидирање на регионот.

„Го поздравувам изгласањето за уставните измени од Парламентот на Северна Македонија. Овој чин на висока политичка одговорност е историски чекор за консолидирање на регионот како дел од евроатлантското семејство кој го зајакнува мирот, безбедноста и демократските вредности“, напиша Баша  на Твитер.

На изгласувањето на уставните измени реагираше и поранешниот шеф на албанската дипломатија Тритан Шеху.

На Фејсбук, Шеху напиша дека Северна Македонија во НАТО ќе биде многу поблиску до Европската унија и Западот.

Слично

Поврзани вести