Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА 27 АПРИЛ - луѓето се невини, одлуката се темели на исказ на човек со дебело криминално досие

СЕ ОГЛАСИ ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА 27 АПРИЛ - луѓето се невини, одлуката се темели на исказ на човек со дебело криминално досие

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огласи во врска со денешната пресуда за 27 април. Велат дека додека е Зоран Заев на власт, до тогаш правдата нема да живее во Република Македонија.

„Денешната одлука на судот е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја руши демократијата во државата“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, според него, додека политичките непријатели се казнуваат со неосновани пресуди, како што е случајот денес, власта на Заев ја дефокусира јавноста од сопствените криминали и корупција во која до гуша се заглавени функционерите на СДСМ и ДУИ.

„Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие кој што според вештачењето се докажа дека воопшто и не бил присутен на местото за кое што сведочи.

Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски -  Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот „Рекет“ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен.

Ваквиот нарачан исказ врз основа на кој се темели пресудата само покажува дека еден ист центар на моќ ги диктира не само сведоштвата, туку и обвиненијата и пресудите. Оваа одлука на судот покажува дека во Македонија правосудство и суд не постојат, туку тоа е само обичен нотаријат во кој се верификуваат обвиненија базирани на нарачки“, вели Арсовски. 

Слично

Поврзани вести