Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Лимани: Гарантирам дека ништо нема да им фали на Албанците во Кичево

Се огласи Лимани: Гарантирам дека ништо нема да им фали на Албанците во Кичево

По резултатот во Кичево, каде што Александар Јовановски го победи Фатмир Дехари, се огласи министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани,кој е од истоимениот град,  со порака дека тој ќе биде гарант на Албанците дека нема таму да им биде нарушено ниту едно национално достигнување.

„Гарантирам дека ниту едно од нашите национални достигнувања во општина Кичево нема да биде нарушено:

– ниту јазикот,

– ниту знамето,

– ниту вработувањето,

– ниту меѓуетничката толеранција..

Нема шанси за меѓуетнички реванш. Гарантирам дека ова нема да се случи. Можев да изберам да се повлечам од оваа општина, по разочарувањето, но денес сум помотивиран од кога било да му служам на мојот роден град.

Гарантирам дека проектите што ги ветив, болницата, повеќе работни места кај кичевските компании, особено за нашите млади граѓани, ќе бидат овозможени во Кичево.

Крајот на еден режим нема да биде драматичен за граѓаните. Ние сме во 21 век. Ни треба разбирање меѓу себе. Разбирање со нашиот сосед од друга етничка припадност. Ни треба развој, а не кулминација на една ера што е веќе надмината.

Од утре, почнуваме со спроведување на проектите и работните места што ги ветивме, за да ги држиме младите блиску до своите семејства“, напиша Лимани.


Слично

Поврзани вести