Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ВЕЉАНОСКИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА: Искуството покажа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфункционалност

СЕ ОГЛАСИ ВЕЉАНОСКИ ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА: Искуството покажа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфункционалност

Поранешниот претседател на собранието, Трајко Вељаноски, на социјалните мрежи се огласи за техничката влада а го спомена и СЈО.

„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.

Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).

Треба да говориме отворено и без лажни наративи.

Овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија. Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.

И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.

На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“, пишува тој. 


Слично

Поврзани вести