СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ НА ПРАВДА: Барањето Тупанчески да го потпише мислењето за еврообврзницата стигна дури откако тој се врати на Правниот факултет
„Ве информираме дека министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година. Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет ‚Јустинијан Први'. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, се вели во соопштението од Тупанчески.
Професорот Тупанчески и со принтскринови од документи кои ги доставува до јавноста, ја потврдува веродостојноста на неговвото тврдење.
Како што е познато, еврообврзницата од 600 милиони евра пропаѓа и ќе мора да се организира нова аукцција, бидејќи правното мислење од поранешниот министер за правда не е потпишано, и мора да се чека изгчласувањето на новиот министер од Собранието.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека Тупанчески бил во оставка и процедурата не дозволува потпис кога некој министер е во оставка, а не дека тој е лут поради неговата смена.
