Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи ТАВ Македонија: Летовите не се откажани, но сообраќајот е запрен

Се огласи ТАВ Македонија: Летовите не се откажани, но сообраќајот е запрен

„ТАВ Македонија“ се огласи по дојавата дека е поставена бомба на скопскиот аеродром. Од таму велат дека во моментов се одвивата проверки, поради што сообраќајот е привремено запрен. Операторот додава дека нема откажување на летови.

„Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот.

Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.” се вели во соопштението на ТАВ Македонија.


Слично

Поврзани вести