Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Талат Џафери: Им одговарав за министер за одбрана, а сега не за премиер

Се огласи Талат Џафери: Им одговарав за министер за одбрана, а сега не за премиер

Талат Џафери, предложен од ДУИ за прв премиер Албанец во 100-дена техничка предизборна влада, за прв пат излезе со коментар откако беше номиниран од владеачката партија и возврати на критиките од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го прифати Талат Џафери за министер за одбрана во 2013, зошто би имале против да ме прифатат за премиер”, искоментира претседателот на Собранието во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Како што вели, служел на сите граѓани на Македонија согласно Уставот и законите, и дека истото ќе биде и како премиер односно ќе работи исто како до сега.

„Се среќавам со многу Македонци, добивам коментари од нив, слушам реакции, можам да кажам дека за голем дел од нив е прифатливо моето решение за премиер“, порача Џафери.

Актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери на 28 јануари ќе биде предложен за технички премиер на Владата на РСМ, по предлог на ДУИ, но не кажа конкретно со што го заслужи овој избор.

„Тоа што го направив, ја работев работата што беше дефинирана со закон. Мислам дека не сум направил нешто конкретно, туку само ги исполнив работите согласно обврските утврдени со закон“, додаде тој во телевизиското студио.


Слично

Поврзани вести