Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ СТАТИСТИКА - пописот нема да почне денеска, ќе го чека Собранието, и да треба да се спроведе, има доволно време

СЕ ОГЛАСИ СТАТИСТИКА - пописот нема да почне денеска, ќе го чека Собранието, и да треба да се спроведе, има доволно време

Државниот завод за статистика соопшти дека нема да почне на терен со активности за пописот, кој требаше да стартува од денеска.

„Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен“, соопштија од ДЗС.

Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.

„Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување.

За сите активности што следуваат, Државниот завод за статистика навремено ќе ја информира јавноста“, се вели во соопштението од Државниот завод за статистика. 

Слично

Поврзани вести