Се огласи Шилегов: Никој не одлучил ништо за Универзална
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ќе одржи денеска брифинг со новинари во 13 чќасот. Брифингот го најави на фејсбук и рече дека ништо не е одлучено.
Јавноста е гневна по одлуката на Град Скопје да објави конкурс за идејно решение за изградба на парк сцена на местото на Универзална сала.
„На овој брифинг, јавноста ќе биде запознаена со сите досегашни постапки кои се водени за Универзална сала, како и за идните постапки кои ќе ги спроведе градот, пред да биде донесена било каква одлука.
Напоменувам дека досега никој нема донесено било каква одлука за Универзална, напиша Шилегов.
Слично
