Се огласи Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку на целата држава
Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.
„Драги пријатели,
Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат.
Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно.
Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција.
Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво.
Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“,порача поранешната министерка за одбрана.
Слично
