Се огласи разрешениот Реџепи, даде оставка и побара прошка
За мојата работа одговарам пред Бога, спремен сум да одговарам и пред Законот, напиша во обраќањето разрешениот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи. Тој не се огласи до сега воопшто, иако минатата недела беше разрешен од функцијата. Сега тој вели дека дава неотповиклива оставка.
Реџепи беше сменет но никој точно не ги кажа причините за неговото разрешување
„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху, во средата.
До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.
Пратеникот Мухамед Зекири беше најрадосен по оваа вест.

Слично
