Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Бугарскиот претседател Румен радев денеска порача дека посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова била неофицијална и затоа немало истакнато македонско знаме.

Неистакнувањето на македонското знаме во Софија предизвика големи реакции во јавноста, а Радев сега вели дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова.

„Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денеска Радев.

Тој додаде дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Скопје.


Слично

Поврзани вести