ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ПОЛИЦИЈАТА: Еве како се случило двојното убиство и самоубиство во Прилеп

СЕ ОГЛАСИ ПОЛИЦИЈАТА: Еве како се случило двојното убиство и самоубиство во Прилеп

Извршителот на двојното убиство во Прилеп пукал кон полициски службеници и фрлил бомба која не експлодирала, велат од полицијата. 

По Основното јавно обвинителство(ОЈО), и Министерството за внатрешни работи(МВР) излезе со детали за синоќешниот настан во Прилеп, каде 62-годишник ги застрела внукот од сестра, и неговиот син, по што се самоуби. 

Во 21 часот и 20 минути, мајката и сопруга на сега убиените лица пријавила дека тие се оддалечиле од нивниот дом и дека веројатно отишле во куќата на нивна роднина, 62-годишниот П.Ѓ. од Прилеп.

Полициски службеници направиле проверка во неговиот дом, но никој не ја отворил вратата, по што по наредба на јавен обвинител, полицајците со употреба на сила ја отвориле вратата, а во моментот кога влегле внатре, едно лице фрлило експлозивна направа кон нив која почнала да чади, но не експлодирала.

Откако полициските службеници излегле од куќата, убиецот започнал да пука кон нив, при што тие возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата.

ad
Слично

Поврзани вести