СЕ ОГЛАСИ ПАРТИЈАТА НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ - тенковите не се никаква руска донација, туку се купени од Украина со македонски пари
Од партијата на Љубчо Георгиевски во врска со дискусијата за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина велат дека ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, тие не се донирани од Русија туку купени од Украина.
Од Министерството за одбрана (МО) за „Локално“, информираа дека според ресорот одбрана, станува збор за ,,трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”.
-Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија согласно донесените Одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Република Северна Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства.
