Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи обвинителство: Немаше испитни прашања во кабинетот на Рашковски на факултет, одземени се само компјутери

Се огласи обвинителство: Немаше испитни прашања во кабинетот на Рашковски на факултет, одземени се само компјутери

Извршен е претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ одземени се компјутери но не се пронајдени материјали поврзани со примените испити на слушатели на Академија за судии и јавни обвинители, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, точно е дека изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери. Воедно, во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. Што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен, стои во соопштението.

Слично

Поврзани вести