Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Мукаетов: Направивме се како организатори, ЕХФ да донесе правилна одлука

Се огласи Мукаетов: Направивме се како организатори, ЕХФ да донесе правилна одлука

Сопственикот на компанијата Алкалоид и спонзор на истоимениот ракометен клуб, Живко Мукаетов, се огласи по синоќешното фијаско со недоаѓањето на грчкиот АЕК на реванш-натпреварот од финалето на Европскиот куп што требаше да се одигра во Скопје.

АЕК одби да го одигра мечот, наводно поради тоа што не биле пропуштени сите гостински навивачи, иако максималната бројка беше предвидено да биде 200-тини. Службено, натпревар се губи доколку гостинот не се појави на терен, но наместо тоа, топката се префрли кај Европската ракометна федерација која утре треба да одлучи шпто понатаму. На првиот меч во Атина, македонскиот претставник победи со 29:25.

Мукаетов изрази надеж дека Европската ракометна федерација ќе донесе правилна одлука за неодиграниот натпревар вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“. Воедно, Мукаетов им се заблагодари на сите кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат Алкалоид во реваншот од финалето на Европскиот куп со грчи АЕК.

- Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.

Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.

РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.

Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, стои на Инстаграм профилот на Мукаетов.



Слично

Поврзани вести