Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГРУЕВСКИ: Побарана е во 2018, но во 2019 беше одбиена

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГРУЕВСКИ: Побарана е во 2018, но во 2019 беше одбиена

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар на изборите во Унгарија, изразувајќи очекување новата влада да води проевропски политики и да даде поддршка за евроинтеграцијата на регионот.

„Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води проевропски и проинтегративни политики и да ја поддржи евроинтеграцијата на регионот, вклучително и на Македонија“, изјави Мицкоски.

Во однос на најавите за можна екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Унгарија, премиерот посочи дека тоа е прашање во надлежност на унгарските институции.

„Екстрадицијата е побарана уште во 2018 година, а беше одбиена во 2019 година. Дополнителни информации треба да се побараат од Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, туку премиер“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека одлуките поврзани со Груевски се исклучиво во надлежност на унгарската влада.


Слично

Поврзани вести