Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи мајката на починатото бебе од Битола: Ме искасапи и си замина на одмор

Се огласи мајката на починатото бебе од Битола: Ме искасапи и си замина на одмор

Младата мајка на новороденчето кое почина во битолската болница се огласи на социјалните мрежи и при тоа ја долови атмосферата како хорор-третман добила додека траело породувањето.

„Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе. Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат..

Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО? Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот... Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече " АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ"., пишува мајката во дел од својот статус објавен денеска на Фејсбук.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе вонреден надзор за случајот со починатото бебе на младата родилка и објави извештај. Најавени се прекршочни мерки за еден лекар кој учествувал во породувањето на родилката, а ДСЗИ ќе иницира и прекршочни мерки и за болницата, и за одговорното лице. 




Слично

Поврзани вести