СЕ ОГЛАСИ КРЕАТОРОТ НА „VAKSAJNS.MК“: Власта ме заплаши, нема да го регистрирам доменот revakcinacija.mk иако е слободен
Креаторот на сатиричната веб страница „Vaksajns.mk“, Адил Бакиу на Фејсбук пишува дека доменот со име revakcinacija.mk не е регистриран, иако власта се пофали денеска со него.
„Власта ја постигна целта да ме заплаши, па затоа нема да го регистрирам доменот revakcinacija.mk иако (во моментов) е слободен за регистрација. Прво правило е да не кажуваш кој ќе ти е доменот на „бизнисот" ако се уште го немаш регистрирано истиот, ама СДСМ е на власт, што да речам повеќе“, пишува тој на Фејсбук.
Инаку, креаторот на сатиричната веб страница „Vaksajns.mk“ претходно беше повикан во полициска станица на разговор.
foto facebook
Слично

