Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ: Претседателката има право да го употребува името Македонија како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со уставното име

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ: Претседателката има право да го употребува името Македонија како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со уставното име

По бројните реакции, се огласи Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“, се вели во реакцијата од Кабинетот на новата шефица на државава.

Слично

Поврзани вести