СЕ ОГЛАСИ ЈАНУШЕВ, НО НЕ ГИ КАЖА ЛИЧНИТЕ ПРИЧИНИ - ВМРО-ДПМНЕ е мојот дом
Јавноста очекуваше попрецизни информации, но досегашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, се досега не ги открива личните причини за неговата оставка од оваа висока и престижна партиска функција.
Сепак тој, вчера за јавноста реши да појсни некои работи, преку својот фејсбук профил. А тие се дека ќе остне во неговата матична ВМРО-ДПМНЕ, која е негов дом, и каде што е долги години, ќе се бори со, како што ја нарекува, мафијата, се до конечна победа. На лидерот Христијан Мицкоски, пак, му ја искажува својата лојалност.
„ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата - 21 година сум член на партијата, од в.д. претседател на МК на УМС до генерален секретар, така и ќе остане.
Благодарност до сите со кои овие три години дишевме како едно.
Битката продолжува затоа што имаме незавршена работа. Ги повикувам сите на кои Македонија им е важна да се спротивстават на мафијата.
Претседателе членството е со вас, одиме до крај.
Се гледаме на протестите, улиците, се до конечна победа.
Да живее ВМРО, да е жива Македонија!“, пишува Јанушев.
Неговата оставка беше едно од најголемите изненадувања по завчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За неа се појавија и бројни шпекулации. Мицкоски наведе дека причините се лични, но дека Јанушев ќе остане да помага во партијата.
Лидерот не откри кој ќе го замени Игор Јанушев на оваа функција.
Слично
