Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Ивица Коневски: Доаѓаат подобри времиња за ВМРО-ДПМНЕ

Се огласи Ивица Коневски: Доаѓаат подобри времиња за ВМРО-ДПМНЕ

Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, по одржаните предвремени парламентарни избори ја повика најголемата опозициска партија да се реформира и да го промени раководството.

„Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ, ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори. Повеќе од јасно е дека на партијата и е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој за жал изминатите неколку години избледе“, напиша Коневски претпладнево на Фејсбук.

Во продолжението на својот статус тој најавува дека следат „подобри времиња за партијата“ и порачува дека треба да „се следат сивремените текови“.

„Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат, да ги следи современите текови и повторно да стане делотворен чинител во ова општество.
ВМРО-ДПМНЕ тоа го има, го може и знам дека ќе успее пак да се издигне на пиедесталот, онаму каде што припаѓа, на првото место. Доаѓаат подобри времиња!“, додава Коневски.

До сега со слични реакции се јавија и поранешните функционери кои доаѓаа од оваа партија како Никола Попоски, Никола Тодоров и Сашо Мијалков.

Слично

Поврзани вести