Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ И МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ: Колку и да е трагично и грозоморно, јавноста со право бара целосна отвореност и транспарентност

СЕ ОГЛАСИ И МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ: Колку и да е трагично и грозоморно, јавноста со право бара целосна отвореност и транспарентност

„Прераната смрт на Вања претставува ужасна трагедија која нѐ погоди сите нас. Моето искрено сочувство за семејството и најблиските; нашите мисли се со вас, иако сме свесни дека ништо не може да ја надомести вашата празнина“, напиша на фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако вчера на темата се огласи и неговиот сопартиец, вицепремиерот Артан Груби.

„Ова злосторство ќе биде најстрого казнето, за што сум убеден дека Обвинителството и Полицијата го имаат ставено целиот свој капацитет за внимателно и прецизно расчистување на случајот до најситниот детаљ.

Јавноста со право бара целосна транспарентност и отвореност. Колку и да е трагично или грозоморно, ние мора да се соочиме со сите мотиви и детали на овој случај; не само за да ги отстраниме бројните шпекулации и манипулации, туку и за да си дадеме шанса за општествено созревање, да ги едуцираме нашите деца, за да не заборавиме“, пишува Османи.


Слично

Поврзани вести