СЕ ОГЛАСИ И АПАСИЕВ: Бара абдикација
Детронизација, па АБДИКАЦИЈА, напиша пред малку на фејсбук Димитар Апасиев,. лидерот на Левица.
Апасиев најверојатно ова најмногу го мисли за изборот во Скопје. Данела Арсовска прогласи победа, а претходно Зоран Заев, лидерот на СДСМ, најави дека во случај Петре Шилегов да изгуби тој ќе си поднесе оставка.
Абдикација или оставка бараат и други политички субјекти. Самата Арсовска изјави кратко неофицијално дека Заев треба да даде оставка. Тој се уште не дал изјава.
Инаку Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ се здружија во Советот на Град Скопје уште пред вториот круг и сега имаат мнозинство.
Слично
