Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ ЗА ЈАНАКИЕСКИ: „Прогонот сѐ уште трае и злосторствата течат“

СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ ЗА ЈАНАКИЕСКИ: „Прогонот сѐ уште трае и злосторствата течат“

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се огласи на фејсбук за одлуката на судот во Стразбург,  со која екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му била утврдена повреда на правото на слобода загарантирана со член 5 од Европската конвенција за човекови права.

„Одлуката на судот во Стразбург поврзана со Миле Јанакиески околу политичкиот прогон, незаконското работење и самоволие на одредени судии и обвинители, политички мотивираните случаи и репресијата на СДСМ и Заев врз правосудниот систем со цел да ги елиминира политичките противници, е само почеток на разоткривањето на злостворствата што беа правени во изминатите години. Има уште многу за разоткривање, а прогонот сеуште трае и злосторстават течат. Актерите сеуште веруваат дека никој не знае што прават или барем дека нема докази за тоа“, напиша Груевски.


Слично

Поврзани вести