СЕ ОГЛАСИ ГОРДАНА ГОЏО: Доколку имате дете заболено од морбили, ве молам да направиме некако да префатат и моите
Преку социјалната мрежа фејсбук се огласи Гордана Гоџо, која во времето на имунизацијата против корона вирусот, беше жесток противник на вакцинирањето, за што изнесуваше серија аргументи.
Таа се осврнува на морбилите.
„Слушам пак се актуелни морбилите.
Многу сум озбилна и ве замолувам за услуга:
Доколку имате дете заболено од морбили, ве молам некако да направиме да префатат и моите.
Благодарам“, пишува Гоџо во свој пост на фејсбук.
Слично
