СЕ ОГЛАСИ ГИТАРИСТОТ НА ДНК ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Колку што сум среќен, толку сум и тажен
Горан Тонев, гитарист на ДНК, кој исто така беше еден од посериозно повредените во дискотеката во Пулс во Кочани, конечно излезе од болница.
Тој со емотивен статус се обрати на социјалните мрежи.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау" -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца ,а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша тој.
Слично
