Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи фирмата која го менаџира Џевахир: Станарите не можат да ги платат високите сметки за струја

Се огласи фирмата која го менаџира Џевахир: Станарите не можат да ги платат високите сметки за струја

Фирмата која го менаџира колективното станување во кулите на Џевахир Скај Сити денеска излезе со демант преку својот адвокатски застапник, по вчерашните поплаки на станарите од кулите А и Б дека останале без електрична енергија, лифтовите дека не им работеле и немале довод на вода.

Од таму тврдат дека лифтовите не работеле само 10 минути. СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис потврдува дека постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но дека станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно, надвор од напојувањето на заедничките простории. Од таму додаваат дека сметката пристигнувала само на едно броило и дека од јули 2022 поскапувањето на електричната енергија е за 140 отсто. Поради тоа, приговор бил поднесен и до Регулаторната комисија за енергетика.

Имало и состанок со ЕВН за да се инсталираат посебни броила, но за тоа немало никаков одговор досега.

Во продолжение ви го изнесуваме комплетниот демант од СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис:


Слично

Поврзани вести