Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: Водиме предистражна постапка за сомнителни трансакции, го демантираме Јаулески дека претресот е извршен кај него дома

СЕ ОГЛАСИ ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: Водиме предистражна постапка за сомнителни трансакции, го демантираме Јаулески дека претресот е извршен кај него дома

Како што и најави, Финансиската полиција се огласи после расплетот на настаните во Собранието поврзани со парламентарното мнозинство. 

Оттаму велат дека Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје „врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителни трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица“.

„Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела.

Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ MAKЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје.

Ве молиме Управата за финансиска полиција да не се злоупотребува за политички цели“, потенцираат од Финансиската полиција.

Реагираа и од СДСМ, потенцирајќи дека пратеникот Јаулески лажел дека претресот се вршел во неговиот дом. 

„Пратеникот Јован Јаулески излажа дека во неговиот дом Финансиската полиција вршела претрес. Во меѓувреме во медиумите се појавија документи кои покажуваат на која адреса живее Јован Јаулески, односно стан кој го плаќа Собранието, за којшто граѓаните плаќаат 330 евра месечно. Згора на се, Јаулески зема и патни трошоци! Дали тоа што цело ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски веднаш се стави во заштита на криминал отвора сериозни сомнежи за дирекна поврзаност на оваа партија со скандалот останува да покаже истрагата“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слично

Поврзани вести