Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи директорката на училиштето што ја пропушти лажната бомба: Дојавата пристигна доцна

Се огласи директорката на училиштето што ја пропушти лажната бомба: Дојавата пристигна доцна

На социјалните мрежи се огласи директорката на основното училиште „Кочо Рацин“ во скопско Петровец, која беше посочено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека по еден ден го известила МВР за упатена закана за поставена бомба испратена преку електронска пошта.

Директорката Виолета Јаневска наведе дека мејлот бил испратен по завршувањето на работното време, кога немало кој да ја отвори пораката и немало ученици во училиштето.

- Mаилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и додека во моментот во училишната зграда нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20 мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина. По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор. Потоа пристигнаа единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна, тврди директорката.

Таа додава дека и мВР не ги контактирало навремено.

- Сакам да прашам зошто кога на испратениот е маил се гледа до кои училишта е пратена пораката меѓу кои е и нашата е маил адреса МВР вчера не не контактира да праша дали сме добиле порака со заканувачка содржина а веќе се знаело до кои училишта е пратено???, прашува Јаневска.


Слично

Поврзани вести