Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Данела Арсовска: Предупредував дека ќе дојде до ова, но никој ништо не презеде

Се огласи Данела Арсовска: Предупредував дека ќе дојде до ова, но никој ништо не презеде

Се огласи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по пожарот на депонијата во Визбегово, чија миризба го зафати цел главен град, а горат опасни отпадни материи и остатоци од авто-делови.
Таа објави дека подолго време предупредувала на оваа опасност, но дека надлежните институции затаиле во своето длеување.
„И за ова како и за довоградбите предупредував постојано.

Градот Скопје постапуваше и поднесуваше кривични пријави, нашите инспектори трпеа насилство, а другите институции се криеја и уште се кријат. Коалициите и власта им се поважни од здравјето и граѓаните.
Неказнивоста поттикнува нови криминали, а тие се шират побрзо и од пожар и од зараза“, порача Арсовска.


Слично

Поврзани вести