Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ Д-Р ЛАЗАРОВ ЗА ПСИХОЛОШКАТА СОСТОЈБА НА РОДИЛКИТЕ: Во коментари жени пациентки на ГАК му велат „породувањето во државна е ненормално“

СЕ ОГЛАСИ Д-Р ЛАЗАРОВ ЗА ПСИХОЛОШКАТА СОСТОЈБА НА РОДИЛКИТЕ: Во коментари жени пациентки на ГАК му велат „породувањето во државна е ненормално“

Докторот Ненад Лазаров, се огласи на Фејсбук по страотниот случај вчера, кога родилка се обиде да се самоубие, фрлајќи се од првиот кат од скопска Гинекологија.

„ Психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество.

Не смее да се занемари и сопругот и неговата поддршка и учество во целиот процес, од самата бременост па се до раѓањето и пуерпериумот, кој има круцијална улога за менталното здравје на родилката, особено во првите денови по раѓањето.

Иако за среќа не е честа појава, постпарталната психоза оправдано се смета за здравствена итност, се случува 0.09 до 2.6 од 1000 раѓања а неретко резултира со обиди за суицид, доста често во позадина има претходна психичка состојба“, напиша тој.

На овој негов статус се огласија жени кои раѓале на Клиниката за гинекологија и акуштерство, со своите негативни искуства.

 


Директорката на Клиниката за гинекологија по инцидентот: Една од 10 породени пациентки има психолошко пореметување

ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО: МАЈКА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ - 39 годишна жена скокнала од први кат на Клиниката за гинекологија


Слично

Поврзани вести