Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ Д-Р БЕЌАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА 24 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО БИТОЛА: Мене лично ми личи на акутен фулминантен облик на леукемија

СЕ ОГЛАСИ Д-Р БЕЌАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА 24 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО БИТОЛА: Мене лично ми личи на акутен фулминантен облик на леукемија

Доктор Нико Беќаровски се огласи на фејсбук со свое мислење околу причините за смртта на 24 годишното момче во битолската болница.
„ Според изнесените оскудни податоци за клиничката слика, лабораториските, компјутерските испитувања и првичниот обдукциски наод, смртта на 24 годишното момче во Битола, мене лично ми личи на АКУТЕН ФУЛМИНАНТЕН ОБЛИК НА #ЛЕУКЕМИЈА.

Во тој случај навистина нема лекарска грешка.

Секоја друга етиологија, заслужува дискусија и опсервација.

Бидете максимално транспарентни и искрени во информирањето, за да се врати комплетно изгубената доверба во битолската болница и целото здравство.

Тоа е минимумот кој го заслужуваат граѓаните, но уште повеќе совесните, стручните и чесните здравствени работници, кои неправедно се валкаат во колективната кал.

Молба до сите партии да не се политизира оваа трагедија.

НАЈИСКРЕНО И НАЈДЛАБОКО СОЧУВСТВОТО ДО ФАМИЛИЈАТА“, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести