Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ БОГДАНОВСКИ: Против урбаната мафија подобро ќе се борам од терен отколку од говорница, Морачанин нестатутарно ме разреши

СЕ ОГЛАСИ БОГДАНОВСКИ: Против урбаната мафија подобро ќе се борам од терен отколку од говорница, Морачанин нестатутарно ме разреши

Се огласи Мирослав Богдановски, досегашен пратеник, кој денеска поднесе оставка од пратеничкото место. Во својата емотивна објава на фејсбук, тој вели дека останува максимално посветен на екологијата, како и дека и натаму ќе продолжи бескомпромисно да се бори против загадувачите и урбаната мафија. Вели дека тоа подобро се прави од терен, отколку од говорница. Но, прстот го вперува и кон неговата партиска лидерка, Маја Морачанин, за која вели дека нестатутароно го разрешила од потпретседателската позиција, што го сторила заедно со група елитисти од партијата ДОМ.

Еве што всушност порача Богдановски.

„Почитувани, денес ја поднесов својата оставка од функцијата пратеник во Собранието. Сакам да потенцирам дека останувам максимално посветен на заштитата на животната средина. Впрочем, затоа и се враќам на моето претходно работно место во Инспекторатот на Град Скопје и со сиот мој професионален интегритет и одлучност, да придонесам во борбата против загадувачите, урбаната мафија и да спречам уништување на зеленилото. Граѓаните бараат зелени, чесни и бескомпромисни борци што се секојдневно на терен, далеку од удобните фотелји. Зелените не се елитисти и демагози, туку луѓе од акција. Јас како дел од Европските Зелени, со тоа убедување чекорам повеќе од деценија и сметам дека многу повеќе може да се направи директно на терен отколку од говорница. Затоа сакам со својот тим од Инспекторатот на Градот Скопје и во соработка со Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, решително да придонесеме во спроведувањето на Зелениот Договор на ЕУ и Зелената Агенда за Западен Балкан. Да потсетам, јас и Ана Петровска бевме нестатутарно разрешени од потпретседателските позиции во партијата од малцинска група на елитисти во ДОМ предводени од претседателката Маја Морачанин. И покрај тоа, продолжуваме да се бориме за зелените вредности исто како и досега, во интерес на зелените активисти и граѓаните. Ќе покажеме и докажеме дека борбата на терен е нашиот својствен начин за остварување на зелените политики“, пишува Богдановски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести