Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ АНТОНИО МИЛОШОСКИ - секој што ќе му се спротивстави на кланот Заеви, ризикува да биде неосновано обвинет

СЕ ОГЛАСИ АНТОНИО МИЛОШОСКИ - секој што ќе му се спротивстави на кланот Заеви, ризикува да биде неосновано обвинет

Откако беше поднесено обвинение против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и уште 12 други лица, со кодно име Моќник, со реакција се јави народниот избраник. 

„Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците.

Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кои ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта.

Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев“, пишува Милошоски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести