СЕ ОГЛАСИ АНИМА МУНДИ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО ПИНТИЈА: Секое слободно толкување е непримерно и болно, треба да се забрани увоз на агресивни животни
Се огласија и Анима Мунди во врска со немилиот настан.
„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема.
Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но што и да се рече сега е доцна за ова дете, а секое слободно толкување во однос на оваа несреќа од која нема назад за нас е непримерно и болно.
Единствено што би сакале да се знае дека како здружение за заштита на животни без дилема и веднаш би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има ФИЗИЧКИ предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози животот на друго битие.
Нагласуваме физички предиспозиции бидејќи нашите искуства, искуствата на стручната фела, а и статистиките кажуваат дека најголемите, најсилните животни имаат најстабилен карактер, се најмирни, но нивната сила е огромна, па дури и со еден потег можат да би можеле да бидат кобни по човек или животно. Еден може да биде фатален.
Поддржуваме и бараме прецизна категоризација во соработка со стручни и засегнати страни и мораторијум на размножување, продажба и увоз на животни кои ќе се категориризаат како такви веднаш. Наши предлози се и мандаторна стерилизација или забрана за размножување на сите кучиња, но за овој тип на животни ги бараме и поддржуваме веднаш“, пишуваат Анима Мунди дури вечерва на својот официјален фејсбук профил.
