Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ АХМЕТИ - ДУИ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕКОГО - 20 години сум навикнат на такви незадоволства, секогаш излегуваме посилни

СЕ ОГЛАСИ АХМЕТИ - ДУИ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕКОГО - 20 години сум навикнат на такви незадоволства, секогаш излегуваме посилни

Во ДУИ, 20 години е инвестирана национална програма и таа како партија може да функционира и без Али Ахмети, но и без Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и другите членови на партијата.

Ахмети во изјава за медиумите вели дека е навикнат на вакви незадоволства во партијата веќе 20 години.

Според него, ДУИ излегува уште посилна после секое внатрешно недоразбирање.

– Тоа е вредност на која јас инсистирав 20 години по ред, работите да се кажуваат отворено, јавноста да знае отворено за позициите на спротивставените мислења – рече Ахмети.

На новинарско прашање како ќе се одрази ова барање на дел од членовите на ДУИ меѓу кои има и двајца пратеници, Ахмети со одговор дека ќе се работи на менаџирање на ситуацијата.

– Пратениците не верувам дека ќе ја ризикуваат иднина на генерациите. Ова е дневна политика. Не е нешто што не може да се менаџира и да се надмине. Ние не отстапуваме од нашата платформа. Секогаш имало незадоволство и дебати и сум бил отворен за предлози и мислења. Поголем дел од ДУИ не сака анархија, сака правила, мир и дебата – истакна Ахмети.

Прашан дали во 2023 година ќе има нов избор за претседател на партијата, Ахмети со одговор дека не завршил со неговата мисија.

– Јас не сум функционер, јас сум мисионер, мојата мисија сѐ уште не е завршена. Ќе ме „имате на врат“ и наредните четири години – рече Ахмети.

Партиски членови меѓу кои се потпишани двајцата пратеници Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, како и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, и градоначалниците на Чаир и на Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети, се дел од потпишаните сопартици кои се назадоволни од работењето на Артим Груби.

„Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организациониот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (доказ се последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото.

Слично

Поврзани вести