Се огласи Трајко Вељaноски: Зошто пратениците чекаат Владата да им ја намали платата?
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, им порача на пратениците дека тие се тие кои имаат мож сами да носат законски измени со кои ќе се намалат платите на функционерите како пред одлуката на Уставниот суд.
Според поранешниот спикер, пратениците не треба од Владата да чекаат да изготви предлог-решение, бидејќи како што смета тој, тоа нема да се случи никогаш.
- Има начин како веднаш да се замрзнат платите на пратениците и тоа нема да биде ништо ново и до сега непозната пракса. Ако се чека Владата да достави текст на Закон ќе се изначекате, рекол денеска поранешниот претседател на законодавниот дом оред претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.
Како што пренесува Телма, тој им предлага нда свикаат ад-хок координација за Собрание на која би се донел Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално да си ја извршат задачата.
Според Вељаноски, за изготвувањето е потребен неполн час а ваквото законско решение потоа, пратениците може да го донесат уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила веднаш.
негово мислење е дека во Законот за измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија треба да се предвиди и бришење на Членот 11 со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата, а наместо тоа, да се додаде нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања.
