Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одзеде имунитетот на пратениците кои се во притвор

Се одзеде имунитетот на пратениците кои се во притвор

Собранието на денешната седница расправаше по барањата на судот за симнување на пратеничкиот имунитет на шестмината пратеници кои се во притвор.

Шестмината пратеници се дел од 36-те лица кои основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието.

Со мнозинство од 66/67 гласа „ЗА“ пратениците присутни во собраниската сала одлучија да им се симне имунитетот на шестмината пратеници.

Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски,  Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски повеќе не ги штити пратеничкиот имунитет.

Како што соопштивме, пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ не беа дел од оваа собраниска седница.

Слично

Поврзани вести